просто 1

Прилог

Значење на просто:

1. На едноставен начин. Тој се облекува просто, фармерки и маица.

2. На разбирлив начин, отворено. Во суштина, тој зборува многу просто и јасно.

Изведени зборови:

  • простичко, прил. дем од просто1.

Фразеолошки израз / поговорка:

Просто-напросто ‒ многу едноставно. Просто да му (ти...) е; Нека му (ти...) е просто; Од бога нека му (ти...) е просто ‒ во случаи на простување, проштевање.

Оригинални податоци:

просто1 прил. 1. На едноставен начин. Тој се облекува просто, фармерки и маица. 2. На разбирлив начин, отворено. Во суштина, тој зборува многу просто и јасно. ◊ Просто-напросто ‒ многу едноставно. Просто да му (ти...) е; Нека му (ти...) е просто; Од бога нека му (ти...) е просто ‒ во случаи на простување, проштевање. ‖ простичко прил. дем од просто1.