простор
Значење на простор:
1. Празнина во која ги забележуваме сите предмети што нè опкружуваат чии својства се висина, должина и ширина; неограничено простирање во сите правци. Пред нив се простираше бескарен простор покриен со ниска трева. Просторот од небото до планинските врвови беше исполнет со една прекрасна синевина.
2. (филоз.) Заедно со времето, еден од општите, основни облици или рамки на постоење на материјалниот свет, во кој секое нешто има свое определено место.
3. Дел, парче од Земјината површина со различна големина. Просторот околу градот беше исполнет со шуми. Војската секојдневно освојува нови простори.
4. Ограничено место во кое може да се смести нешто; сместилиште. Во багажниот простор на авионот била поставена бомбата. Изложбен простор. Магацински простор.
5. Растојание, оддалеченост меѓу две или повеќе работи, лица, предмети и сл. Меѓуклеточен простор. Просторот меѓу буквите (зборовите) треба да се намали.
6. Празнина, со ништо неисполнета шуплина, место. Во плакарот нема повеќе простор за нови работи. Во картотеката нема простор за нов материјал.
7. Физичкиот универзум надвор од атмосферата на Земјата. Леталото се најде во безвоздушен простор.
8. Просторија или место за определена намена. Деловен простор. Рекреативен простор. Работен простор.
9. (прен.) Подрачје, област на некакво дејствување. Нов медиумски простор.
Множина: простори.
Фразеолошки израз / поговорка:
Бришан простор ‒ (војн.) простор каде што нема заштита од оружјето на непријателот. Воздушен простор ‒ простор над територијата на една држава каде што, без дозвола не смеат да летаат туѓи авиони. Казнен простор ‒ (спорт.) дел од игралиштето, пред голот каде што секој прекршок повлекува најстрога казна. Станбен простор ‒ големина на еден стан изразена во број на простории или во кубни метри. Стартен простор ‒ (спорт.) Местото од каде што почнува некој натпревар.
Оригинални податоци:
простор, мн. простори м. 1. Празнина во која ги забележуваме сите предмети што нè опкружуваат чии својства се висина, должина и ширина; неограничено простирање во сите правци. Пред нив се простираше бескарен простор покриен со ниска трева. Просторот од небото до планинските врвови беше исполнет со една прекрасна синевина. 2. (филоз.) Заедно со времето, еден од општите, основни облици или рамки на постоење на материјалниот свет, во кој секое нешто има свое определено место. 3. Дел, парче од Земјината површина со различна големина. Просторот околу градот беше исполнет со шуми. Војската секојдневно освојува нови простори. 4. Ограничено место во кое може да се смести нешто; сместилиште. Во багажниот простор на авионот била поставена бомбата. Изложбен простор. Магацински простор. 5. Растојание, оддалеченост меѓу две или повеќе работи, лица, предмети и сл. Меѓуклеточен простор. Просторот меѓу буквите (зборовите) треба да се намали. 6. Празнина, со ништо неисполнета шуплина, место. Во плакарот нема повеќе простор за нови работи. Во картотеката нема простор за нов материјал. 7. Физичкиот универзум надвор од атмосферата на Земјата. Леталото се најде во безвоздушен простор. 8. Просторија или место за определена намена. Деловен простор. Рекреативен простор. Работен простор. 9. (прен.) Подрачје, област на некакво дејствување. Нов медиумски простор. ◊ Бришан простор ‒ (војн.) простор каде што нема заштита од оружјето на непријателот. Воздушен простор ‒ простор над територијата на една држава каде што, без дозвола не смеат да летаат туѓи авиони. Казнен простор ‒ (спорт.) дел од игралиштето, пред голот каде што секој прекршок повлекува најстрога казна. Станбен простор ‒ големина на еден стан изразена во број на простории или во кубни метри. Стартен простор ‒ (спорт.) Местото од каде што почнува некој натпревар.