простосрдечен
Значење на простосрдечен:
1. Што е со искрено, отворено срце; простодушен. Простосрдечен човек.
2. Што е израз на срдечно, отворено срце. Простосрдечна насмевка.
Членувана форма: простосрдечниот.
Изведени зборови:
- простосрдечно, прил. Се насмевна простосрдечно. Домаќините не пречекаа простосрдечно.
- простосрдечност, и. ж.
Оригинални податоци:
простосрдечен, простосрдечниот прид. 1. Што е со искрено, отворено срце; простодушен. Простосрдечен човек. 2. Што е израз на срдечно, отворено срце. Простосрдечна насмевка. ‖ простосрдечно прил. Се насмевна простосрдечно. Домаќините не пречекаа простосрдечно. ‖ простосрдечност ж.