простре

Глагол, свршен

Значење на простре:

1. Рашири за да покрие поголем простор, постеле. Простре слама по подот и сите исполегнаа. Го простре килимчето наземи.

2. Обеси, рашири алишта да се сушат. Ги простре алиштата на жиците во дворот да се сушат.

3. Протегне нешто нашироко да опфати што поголема површина. Лозницата ги прострела своите ластари низ целиот двор.

4. (прен.) Со удар направи некој да се протегне на некоја површина. Го прострел наземи колку што е долг и широк.

Коњугација: прострат , простреа , прострев , прострел , прострен, прострете , простри .

Изведени зборови:

  • се ~ простре, 1. Се протега на некоја површина. По реката се прострела густа магла. 2. Легне, падне спружен. Се прострел на подот колку што е голем.

Оригинални податоци:

простре, прострат; простри, прострете; прострев, простреа; прострел; прострен св. 1. Рашири за да покрие поголем простор, постеле. Простре слама по подот и сите исполегнаа. Го простре килимчето наземи. 2. Обеси, рашири алишта да се сушат. Ги простре алиштата на жиците во дворот да се сушат. 3. Протегне нешто нашироко да опфати што поголема површина. Лозницата ги прострела своите ластари низ целиот двор. 4. (прен.) Со удар направи некој да се протегне на некоја површина. Го прострел наземи колку што е долг и широк. ● се ~ 1. Се протега на некоја површина. По реката се прострела густа магла. 2. Легне, падне спружен. Се прострел на подот колку што е голем.