протегне
Значење на протегне:
1. Спружи, растегне. Работниците го протегнаа металната жица на улицата. Тој протегна една ортома од едниот крај на дворот до другиот.
2. Истегне раце, нозе, снага. Девојчето ги протегна своите рачиња кон сонцето. Тој силно ги протегна нозете и стана.
Коњугација: (ќе) протегнеа , (ќе) протегнев , (ќе) протегнел, протегнаа , протегнав , протегнал , протегнат , протегнат , протегнете , протегни .
Изведени зборови:
- протегнување, глаг. им. ср.
- се ~ протегне, 1. Обично за простор. По благите падини на планината се протегнал шумски појас. 2. Истегне снага, дел од телот, се тегне. Тој стана, силно се протегна и прошета низ собата.
- (се) протегнува, глаг. несв. (се) протегнуваат
Оригинални податоци:
протегне, протегнат; протегни, протегнете; протегнав, протегнаа; протегнал; протегнат; (ќе) протегнев, (ќе) протегнеа; (ќе) протегнел св. 1. Спружи, растегне. Работниците го протегнаа металната жица на улицата. Тој протегна една ортома од едниот крај на дворот до другиот. 2. Истегне раце, нозе, снага. Девојчето ги протегна своите рачиња кон сонцето. Тој силно ги протегна нозете и стана. ● се ~ 1. Обично за простор. По благите падини на планината се протегнал шумски појас. 2. Истегне снага, дел од телот, се тегне. Тој стана, силно се протегна и прошета низ собата. ‖ (се) протегнува, (се) протегнуваат несв. ‖ глаг. им. протегнување ср.