протест

Именка, машки род

Значење на протест:

1. Остар приговор, израз на незадоволство, на неодобрување на нешто.

2. Јавно изразување на незадоволство и најчесто истакнување на спротивни барања.

3. (прав.) Службена потврда дека меницата не е платена во рокот и дека треба да се наплати по судски пат.

Множина: протести.

Оригинални податоци:

протест, мн. протести м. 1. Остар приговор, израз на незадоволство, на неодобрување на нешто. 2. Јавно изразување на незадоволство и најчесто истакнување на спротивни барања. 3. (прав.) Службена потврда дека меницата не е платена во рокот и дека треба да се наплати по судски пат.