противник
Значење на противник:
1. Лице што се спротивставува на нешто, што припаѓа на спротивставената страна; непријател. Тој е голем противник на тие идеи. Нашите противници се добро наоружани.
2. Лице што истапува против некого во некаков спор, парница, политика, спортска игра и сл. Противникот има три гола предност.
3. Ривал, конкурент во работа, во љубов и сл.
Множина: противници.
Изведени зборови:
- противничка, и. ж.
- противнички, прид. противничкиот
Оригинални податоци:
противник, мн. противници м. 1. Лице што се спротивставува на нешто, што припаѓа на спротивставената страна; непријател. Тој е голем противник на тие идеи. Нашите противници се добро наоружани. 2. Лице што истапува против некого во некаков спор, парница, политика, спортска игра и сл. Противникот има три гола предност. 3. Ривал, конкурент во работа, во љубов и сл. ‖ противничка, мн. противнички ж. ‖ противнички, противничкиот прид.