проткае

Глагол, свршен

Значење на проткае:

1. Вткае нешто низ нешто во процесот на ткаење, украси нешто со ткаење.

2. (прен.) Внесе чувство, топлина, нешто лично и сл. во атмосфера, уметничко дело и др. Љубовта кон татковината го проткале ова дело од почетокот до последниот ред.

Коњугација: (ќе) проткаев , (ќе) проткаеја , (ќе) проткаел , проткаа , проткав , проткаен, проткај , проткајат , проткајте , проткал , проткан .

Изведени зборови:

  • проткајување, глаг. им. ср.
  • се ~ проткае, Кон зн. 2. Овие мотиви се проткале во сите песнина во стихозбирката.
  • (се) проткајува, глаг. несв. (се) проткајуваат

Оригинални податоци:

проткае, проткајат; проткај, проткајте; проткав, проткаа; проткал; проткан; (ќе) проткаев, (ќе) проткаеја; (ќе) проткаел; проткаен св. 1. Вткае нешто низ нешто во процесот на ткаење, украси нешто со ткаење. 2. (прен.) Внесе чувство, топлина, нешто лично и сл. во атмосфера, уметничко дело и др. Љубовта кон татковината го проткале ова дело од почетокот до последниот ред. ● се ~ Кон зн. 2. Овие мотиви се проткале во сите песнина во стихозбирката. ‖ (се) проткајува, (се) проткајуваат несв. ‖ глаг. им. проткајување ср