протрие
Значење на протрие:
Истрие малку, краткотрајно, најчесто за дел од телото. Детето сонливо ги протри очите и седна во постелата. Ги протри очилата со едно крпче и си ги стави на носот.Коњугација: (ќе) протриев , (ќе) протриеја , (ќе) протриел , протрив , протриен, протриј , протрија , протријат , протријте , протрил .
Изведени зборови:
- протривање, глаг. им. ср.
- (се) протрива, глаг. несв. (се) протириваат ‒ повт.
- се ~ протрие, Се истрие малку, донекаде. Таа се протри по нозете и седна на креветот.
Оригинални податоци:
протрие, протријат; протриј, протријте; протрив, протрија, протрил; (ќе) протриев, (ќе) протриеја; (ќе) протриел; протриен св. Истрие малку, краткотрајно, најчесто за дел од телото. Детето сонливо ги протри очите и седна во постелата. Ги протри очилата со едно крпче и си ги стави на носот. ● се ~ Се истрие малку, донекаде. Таа се протри по нозете и седна на креветот. ‖ (се) протрива, (се) протириваат несв. ‒ повт. ‖ глаг. им. протривање ср.