протури

Глагол, свршен

Значење на протури:

1. Се здобие со повреда; искилави. Стопанот го протури коњот товарајќи го премногу.

2. За конец, вретено, клопче и сл. ‒ растури, замрси. Децата миго протуриле клопчево.

Коњугација: протурат.

Изведени зборови:

  • се ~ протури, 1. Се здобие со повреда ‒ се искилави. Тој се протурил од кревање тешко уште во младоста. Коњот се протури од тежина. 2. За овошка кога родила многу. Кајсијата се протури оваа година. 3. (прен.) Претера во јадење, се прејаде. Детето се протури од питата.

Оригинални податоци:

протури, протурат св. 1. Се здобие со повреда; искилави. Стопанот го протури коњот товарајќи го премногу. 2. За конец, вретено, клопче и сл. ‒ растури, замрси. Децата миго протуриле клопчево. ● се ~ 1. Се здобие со повреда ‒ се искилави. Тој се протурил од кревање тешко уште во младоста. Коњот се протури од тежина. 2. За овошка кога родила многу. Кајсијата се протури оваа година. 3. (прен.) Претера во јадење, се прејаде. Детето се протури од питата.