протурка

Глагол, свршен

Значење на протурка:

1. Истурка малку, премести со туркање како на сила. Едвај го протуркавме креветот низ вратата.

2. (прен.) Успее да постигне нешто (план, идеја и сл.) сосила, со голема упорност, настојување, не секогаш принципиелно. Тој сепак го протурка својот план.

3. (прен.) Проживее извесен период, тешко, со мака и тешкотии. Тој протурка две години во печалба и се врати дома.

Коњугација: протуркаат.

Изведени зборови:

  • се ~ протурка, Со туркање се приближи, дојде до некое место. Слепецот се протурка низ народот.
  • (се) протуркува, глаг. повт. (се) протуркуваат

Оригинални податоци:

протурка, протуркаат св. 1. Истурка малку, премести со туркање како на сила. Едвај го протуркавме креветот низ вратата. 2. (прен.) Успее да постигне нешто (план, идеја и сл.) сосила, со голема упорност, настојување, не секогаш принципиелно. Тој сепак го протурка својот план. 3. (прен.) Проживее извесен период, тешко, со мака и тешкотии. Тој протурка две години во печалба и се врати дома. ● се ~ Со туркање се приближи, дојде до некое место. Слепецот се протурка низ народот. ‖ (се) протуркува, (се) протуркуваат повт.