проучи

Глагол, свршен

Значење на проучи:

Разгледа, анализира, изучи добро, детално; простудира. Тој го проучи новиот закон. Тие ја проучија содржината на новите предлог-мерки.

Коњугација: проучат.

Изведени зборови:

  • проучува, глаг. несв. проучуваат
  • проучување, глаг. им. ср. проучување, PLUR_проучувања Најновите проучувања го докажаа тврдењето на научникот.

Оригинални податоци:

проучи, проучат св. Разгледа, анализира, изучи добро, детално; простудира. Тој го проучи новиот закон. Тие ја проучија содржината на новите предлог-мерки. ‖ проучува, проучуваат несв. ‖ глаг. им. проучување, мн. проучувања ср. Најновите проучувања го докажаа тврдењето на научникот.