провали
Значење на провали:
1. Пробие, предаде обично тајна организација. Ја провалија организацијата, полицијата влезе среде состанокот.
2. Разоткрие некого, нешто. Го провалија пред да успее да го направи тоа што го наумил.
3. Насилно влезе; ограби. Ноќеска двајца провалиле во маркетот.
4. Пробие. Непријателот го провали одбранбениот обрач.
5. (дијал.) Насилно отвори, скрши. Некој ја провалил вратата, но не успеал ништо да земе.
Конјугација: провалат.
Изведени зборови:
- провалува, глаг. несв. провалуваат
- провалување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
провали, провалат св. 1. Пробие, предаде обично тајна организација. Ја провалија организацијата, полицијата влезе среде состанокот. 2. Разоткрие некого, нешто. Го провалија пред да успее да го направи тоа што го наумил. 3. Насилно влезе; ограби. Ноќеска двајца провалиле во маркетот. 4. Пробие. Непријателот го провали одбранбениот обрач. 5. (дијал.) Насилно отвори, скрши. Некој ја провалил вратата, но не успеал ништо да земе. ‖ провалува, провалуваат несв. ‖ глаг. им. провалување ср.