проветри
Значење на проветри:
1. Прочисти воздух во просторија. Таа ги отвори сите прозорци и го проветри целиот стан. – Проветри ја гаражата пред да влезеш да работиш!
2. Изнесе нешто на воздух, на отворено. Ги изнесе капутите да ги проветри.
3. (прен., разг.) Оттргне лоши мисли. – Излези, проветри го мозокот!
Коњугација: проветрат.
Изведени зборови:
- проветрување, глаг. им. ср.
- се ~ проветри, 1. Се прочисти воздух во просторија. Прозорците беа ширум отворени, но мирисот на прегорено масло не се проветри. 2. Се освежи, земе воздух. Се проветри, излезе на снегот.
- (се) проветрува, глаг. несв. (се) проветруваат
Оригинални податоци:
проветри, проветрат св. 1. Прочисти воздух во просторија. Таа ги отвори сите прозорци и го проветри целиот стан. – Проветри ја гаражата пред да влезеш да работиш! 2. Изнесе нешто на воздух, на отворено. Ги изнесе капутите да ги проветри. 3. (прен., разг.) Оттргне лоши мисли. – Излези, проветри го мозокот! ● се ~1. Се прочисти воздух во просторија. Прозорците беа ширум отворени, но мирисот на прегорено масло не се проветри. 2. Се освежи, земе воздух. Се проветри, излезе на снегот. ‖ (се) проветрува, (се) проветруваат несв. ‖ глаг. им. проветрување ср.