провлече
Значење на провлече:
1. Пушти нешто да се влече кратко време. Детето провлече некој каиш низ собата.
2. (прен.) За некаква работа – продолжи повеќе од вообичаеното; завлече 5; одолжи. Многу ја провлече песната. Тој ја провлече работата и сè пропадна.
Коњугација: (ќе) провлечеа , (ќе) провлечев , (ќе) провлечел , провлекле , провлекоа , провлеков , провлекол , провлечат , провлечен, провлечете , провлечи .
Изведени зборови:
- провлекување, глаг. им. ср. провлекување / провлечување
- (се) провлекува, глаг. несв. (се) провлекуваат -- (се) провлечува, (се) провлечуваат
- се ~ провлече, 1. Се пробие низ луѓе, низ тесен отвор; се провре. Се провлече низ непријателскиот обрач. 2. (прен.) Успее одвај во нешто незаслужено, без труд, без работа. Не учеше многу, но се провлече на испитот. 3. (прен.) Се продолжи повеќе од вообичаеното. Се провлече долга ноќ, како да беа споени две ноќи.
Оригинални податоци:
провлече, провлечат; провлечи, провлечете; провлеков, провлекоа; провлекол, провлекле; (ќе) провлечев, (ќе) провлечеа; (ќе) провлечел; провлечен св. 1. Пушти нешто да се влече кратко време. Детето провлече некој каиш низ собата. 2. (прен.) За некаква работа – продолжи повеќе од вообичаеното; завлече 5; одолжи. Многу ја провлече песната. Тој ја провлече работата и сè пропадна. ● се ~ 1. Се пробие низ луѓе, низ тесен отвор; се провре. Се провлече низ непријателскиот обрач. 2. (прен.) Успее одвај во нешто незаслужено, без труд, без работа. Не учеше многу, но се провлече на испитот. 3. (прен.) Се продолжи повеќе од вообичаеното. Се провлече долга ноќ, како да беа споени две ноќи. ‖ (се) провлекува, (се) провлекуваат / (се) провлечува, (се) провлечуваат несв. ‖ глаг. им. провлекување / провлечување ср.