провре
Значење на провре:
1. Провлече низ тесен отвор. Детето ја провре главата меѓу решетките.
2. За конец – вдене во игла. Не гледаше без очила, не можеше да го провре конецот.
Коњугација: проврат , провреа , проврев , проврел , проврен, проврете , проври .
Изведени зборови:
- провирање, глаг. им. ср.
- (се) провира, глаг. несв. (се) провираат
- се ~ провре, 1. Се провлече низ тесен отвор; низ луѓе. Таа трчаше и одеднаш се провре низ густата шума. Успеа да се провре низ толпата. 2. (разг.) Со тешкотии успее нешто да направи. Се провре во средното училиште и некако заврши.
Оригинални податоци:
провре, проврат; проври, проврете; проврев, провреа; проврел; проврен св. 1. Провлече низ тесен отвор. Детето ја провре главата меѓу решетките. 2. За конец – вдене во игла. Не гледаше без очила, не можеше да го провре конецот. ● се ~ 1. Се провлече низ тесен отвор; низ луѓе. Таа трчаше и одеднаш се провре низ густата шума. Успеа да се провре низ толпата. 2. (разг.) Со тешкотии успее нешто да направи. Се провре во средното училиште и некако заврши. ‖ (се) провира, (се) провираат несв. ‖ глаг. им. провирање ср.