проврти

Глагол, свршен

Значење на проврти:

1. Направи дупка во нешто со вртење. Проврте една дупка на бастунот.

2. Врти нешто кратко време. Беше нервозен, го проврте пенкалото неколку пати.

Коњугација: провртат.

Изведени зборови:

  • провртување, глаг. им. ср.
  • се ~ проврти, 1. Се врти кратко време. Нешто тропна, па се проврте да види да не му паднало нешто. 2. Се задржи, помине кратко време некаде. Ја отвори портата, се проврте во дворот, но не се осмели да влезе во куќата.
  • (се) провртува, глаг. несв. (се) провртуваат

Оригинални податоци:

проврти, провртат св. 1. Направи дупка во нешто со вртење. Проврте една дупка на бастунот. 2. Врти нешто кратко време. Беше нервозен, го проврте пенкалото неколку пати. ● се ~ 1. Се врти кратко време. Нешто тропна, па се проврте да види да не му паднало нешто. 2. Се задржи, помине кратко време некаде. Ја отвори портата, се проврте во дворот, но не се осмели да влезе во куќата. ‖ (се) провртува, (се) провртуваат несв. ‖ глаг. им. провртување ср.