прозборува
Значење на прозборува:
1. Почне да зборува (по молчење). Ги отвори очите и тивко прозборува. Се погледнаа в очи, но не прозборуваа.
2. За дете – почне да зборува. Девојчето многу рано прозборува.
3. Каже, рече, изусти, изговори нешто. Во лутината прозборува тивко колку за себеси.
4. Проговори, каже, признае под принуда. Осомничениот по два дена прозборува.
Коњугација: прозборуваат.
Изведени зборови:
- се ~ прозборува, Почне да се зборува. Се прозборува сешто за неа во маалото, но таа се правеше дека не слуша.
Оригинални податоци:
прозборува, прозборуваат св. 1. Почне да зборува (по молчење). Ги отвори очите и тивко прозборува. Се погледнаа в очи, но не прозборуваа. 2. За дете – почне да зборува. Девојчето многу рано прозборува. 3. Каже, рече, изусти, изговори нешто. Во лутината прозборува тивко колку за себеси. 4. Проговори, каже, признае под принуда. Осомничениот по два дена прозборува. ● се ~ Почне да се зборува. Се прозборува сешто за неа во маалото, но таа се правеше дека не слуша.