проживее
Значење на проживее:
1. Помине животен век. Проживеа мачен живот.
2. Помине определено време некаде. Тој проживеа две години во странство, но се врати.
Коњугација: (ќе) проживеев , (ќе) проживееја , (ќе) проживеел , проживеав , проживеаја , проживеал , проживеан , проживеат , проживеен, проживеј , проживејте .
Изведени зборови:
- проживува, глаг. несв. проживуваат
Оригинални податоци:
проживее, проживеат; проживеј, проживејте; проживеав, проживеаја; проживеал; проживеан; (ќе) проживеев, (ќе) проживееја; (ќе) проживеел; проживеен св. 1. Помине животен век. Проживеа мачен живот. 2. Помине определено време некаде. Тој проживеа две години во странство, но се врати. ‖ проживува, проживуваат несв.