прска
Значење на прска:
1. Наводенува со ситни капки вода или некоја друга течност. Навечер ги прскаа улиците со вода од цистерни. Жената ги прскаше чаршафите со вода пред да ги пегла. Чиракот прска пред дуќанот и мете.
2. Врши заштита нанесувајќи ситни капки хемиски раствор. Секоја година тој го прскаше лозјето со заштитни средства. Ова лето градските власти не прскаа против комарци.
3. а) Испушта искри при горење. Од разгорениот јаглен со шум прскаат искри. б) Се разбива, се распаѓа на честички, на парчиња при експлозија, кршење. Насекаде прскаа гранати. Од големата тежина мразот крцкаше и прскаше.
Коњугација: прскаат.
Изведени зборови:
- прскање, глаг. им. ср.
- се ~ прска, а) Се плиска со вода. Се прска со вода по лицето. б) Се плискаат со вода меѓусебно. Децата весело се прскаа со лончиња вода.
Фразеолошки израз / поговорка:
Главата му прска ‒ има силна главоболка.
Оригинални податоци:
прска, прскаат несв. 1. Наводенува со ситни капки вода или некоја друга течност. Навечер ги прскаа улиците со вода од цистерни. Жената ги прскаше чаршафите со вода пред да ги пегла. Чиракот прска пред дуќанот и мете. 2. Врши заштита нанесувајќи ситни капки хемиски раствор. Секоја година тој го прскаше лозјето со заштитни средства. Ова лето градските власти не прскаа против комарци. 3. а) Испушта искри при горење. Од разгорениот јаглен со шум прскаат искри. б) Се разбива, се распаѓа на честички, на парчиња при експлозија, кршење. Насекаде прскаа гранати. Од големата тежина мразот крцкаше и прскаше. ● се ~ а) Се плиска со вода. Се прска со вода по лицето. б) Се плискаат со вода меѓусебно. Децата весело се прскаа со лончиња вода. ◊ Главата му прска ‒ има силна главоболка. ‖ глаг. им. прскање ср.