прсне

Глагол, свршен

Значење на прсне:

1. Наводени со ситни капки течност, најчесто вода малку, распрсне нешто или на некого; испрска. Тој прсна неколку пати на местото каде што требаше да малтерисува. Таа прсна со спрејот да ја освежи просторијата.

2. Се скрши со прскот. Од топлата вода чашата прсна. При падот коската прснала.

3. Се распадне со силен звук, со прскот. Накаде прсна бомба. Прсна бела ракета и го осветли небото.

4. Еднократно искокне и падне негде или на нешто со прскот. Капка вар му прсна на раката. Жарче ми прсна од мангалот на подот. Прснала искра и ги запалила волнените веленца.

5. (прен.) Наеднаш, нагло почне некое дејство. Крадецот прсна да бега. Прсна во (од) смеење.

Коњугација: (ќе) прснеа , (ќе) прснев , (ќе) прснел, прснаа , прснав , прснал , прснат , прснат , прснете , прсни .

Изведени зборови:

  • прснување, глаг. им. ср.
  • се ~ прсне, Се растури на многу страни, се разбега. Се прснавме на разни страни по планината.
  • (се) прснува, глаг. несв. (се) прснуваат

Фразеолошки израз / поговорка:

Главата ќе му прсне ‒ многу го боли глава. Очите ќе му прснат ‒ многу го болат очите.

Оригинални податоци:

прсне, прснат; прсни, прснете; прснав, прснаа; прснал; прснат; (ќе) прснев, (ќе) прснеа; (ќе) прснел св. 1. Наводени со ситни капки течност, најчесто вода малку, распрсне нешто или на некого; испрска. Тој прсна неколку пати на местото каде што требаше да малтерисува. Таа прсна со спрејот да ја освежи просторијата. 2. Се скрши со прскот. Од топлата вода чашата прсна. При падот коската прснала. 3. Се распадне со силен звук, со прскот. Накаде прсна бомба. Прсна бела ракета и го осветли небото. 4. Еднократно искокне и падне негде или на нешто со прскот. Капка вар му прсна на раката. Жарче ми прсна од мангалот на подот. Прснала искра и ги запалила волнените веленца. 5. (прен.) Наеднаш, нагло почне некое дејство. Крадецот прсна да бега. Прсна во (од) смеење. ● се ~ Се растури на многу страни, се разбега. Се прснавме на разни страни по планината. ◊ Главата ќе му прсне ‒ многу го боли глава. Очите ќе му прснат ‒ многу го болат очите. ‖ (се) прснува, (се) прснуваат несв. ‖ галг. им. прснување ср.