прст 1
Значење на прст:
1. Секој еден од крајните делови на раката, на дланката, или на ногата, на стапалото. Му измрзнаа прстите на раката. Малиот прст. Домалиот прст. Средниот прст. Прстот на ногата.
2. Дел од ракавицата што го покрива прст. Ракавица со пет прсти. Ракавица со еден прст.
3. Како единица мерка. Треба да плетеш уште три прсти. Попушти уште за еден прст. Еден прст кајмак се нафатил на млекото.
Множина: прсти.
Изведени зборови:
- прсте, и. ср. ; прстенце (само едн.); прстуле (само едн.) дем и хип.
Фразеолошки израз / поговорка:
Крши прсти ‒ манифестира голема загриженост. Му гледа низ прсти ‒ му попушта, свесно не ги забележува грешките на некого. Се бројат на прстите на едната рака ‒ многу малку се. Брои на прсти ‒ не знае да смета. Има замешано прст(и) во таа работа ‒ се има замешано во нешто. Прстите да си ги излижеш ‒ зготвено многу вкусно. Со прст покажува на него ‒ го изложува некого на срам, на укор. Го знае (тоа) на прсти ‒ знае целосно, на памет. На малиот прст не можеш да му се фатиш ‒ 1. не си достоен за него. 2. ништо не му можеш, многу е силен. Остане со прстот в уста ‒ остана без ништо, ништо не доби, оствари, постигне. Со прст не го пипнал ‒ не го удрил. Гол како прст ‒ сиромав, без ништо. Прст пред око не се гледа ‒ голема темница, целосен мрак. Ни со прст не мрдна ‒ не направи ништо за некоја работа или за некого. Клај си го прстот на умот ‒ помисли добро што правиш. Прст божји ‒ виша сила. Врата кај што ќе скрца, прст не клавај (посл.) ‒ каде што се насетува опасност, не се замешувај. Сите прсти не се еднакви (посл.) ‒ не можеме сите да бидеме исти. Сите прсти еднакво болат ‒ мајката жали (гледа) за секое свое чедо. Врти некого околу малиот прст/прсте ‒ има целосна контрола над некого. Даде по прсти ‒ укори некого. Добие по прсти ‒ укорен е. Има лепливи (долги) прсти ‒ сака да поткраднува, краде. Има (нешто) во малиот прст ‒ темелно познава или е добро верзиран во нешто. Покажува со прст на 1. фрла вина на некого. 2. точно лоцира или идентификува нешто или некого. Оди на прсти ‒ оди многу внимателно, полека, тивко.
Оригинални податоци:
прст1, мн. прсти м. Секој еден од крајните делови на раката, на дланката, или на ногата, на стапалото. Му измрзнаа прстите на раката. Малиот прст. Домалиот прст. Средниот прст. Прстот на ногата. 2. Дел од ракавицата што го покрива прст. Ракавица со пет прсти. Ракавица со еден прст. 3. Како единица мерка. Треба да плетеш уште три прсти. Попушти уште за еден прст. Еден прст кајмак се нафатил на млекото. ◊ Крши прсти ‒ манифестира голема загриженост. Му гледа низ прсти ‒ му попушта, свесно не ги забележува грешките на некого. Се бројат на прстите на едната рака ‒ многу малку се. Брои на прсти ‒ не знае да смета. Има замешано прст(и) во таа работа ‒ се има замешано во нешто. Прстите да си ги излижеш ‒ зготвено многу вкусно. Со прст покажува на него ‒ го изложува некого на срам, на укор. Го знае (тоа) на прсти ‒ знае целосно, на памет. На малиот прст не можеш да му се фатиш ‒ 1. не си достоен за него. 2. ништо не му можеш, многу е силен. Остане со прстот в уста ‒ остана без ништо, ништо не доби, оствари, постигне. Со прст не го пипнал ‒ не го удрил. Гол како прст ‒ сиромав, без ништо. Прст пред око не се гледа ‒ голема темница, целосен мрак. Ни со прст не мрдна ‒ не направи ништо за некоја работа или за некого. Клај си го прстот на умот ‒ помисли добро што правиш. Прст божји ‒ виша сила. Врата кај што ќе скрца, прст не клавај (посл.) ‒ каде што се насетува опасност, не се замешувај. Сите прсти не се еднакви (посл.) ‒ не можеме сите да бидеме исти. Сите прсти еднакво болат ‒ мајката жали (гледа) за секое свое чедо. Врти некого околу малиот прст/прсте ‒ има целосна контрола над некого. Даде по прсти ‒ укори некого. Добие по прсти ‒ укорен е. Има лепливи (долги) прсти ‒ сака да поткраднува, краде. Има (нешто) во малиот прст ‒ темелно познава или е добро верзиран во нешто. Покажува со прст на 1. фрла вина на некого. 2. точно лоцира или идентификува нешто или некого. Оди на прсти ‒ оди многу внимателно, полека, тивко. ‖ прсте, мн. прстиња ср.; прстенце (само едн.); прстуле (само едн.) ср. дем и хип.