прстен 1
Значење на прстен:
1. Обрач од метал, најчесто скапоцен, што се носи на прст како накит или знак за брачна состојба. Венчален прстен. Златен прстен. Свршенички прстен.
2. Предмет со облик на прстен. Челичен прстен.
Множина: прстени, прстење.
Изведени зборови:
- прстенче, и. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Го провира низ прстен ‒ прави со него што сака. Низ прстен куршум провира ‒ добар нишанџија е.
Оригинални податоци:
прстен1, мн. прстени, избр. мн. прстење м. 1. Обрач од метал, најчесто скапоцен, што се носи на прст како накит или знак за брачна состојба. Венчален прстен. Златен прстен. Свршенички прстен. 2. Предмет со облик на прстен. Челичен прстен. ◊ Го провира низ прстен ‒ прави со него што сака. Низ прстен куршум провира ‒ добар нишанџија е. ‖ прстенче, мн. прстенчиња ср.