прв
Значење на прв:
1. Што е почетен, што е во набројувањето или во редот пред сите други; редна, бројна придавка кон бројот еден. Прв ред. Прв кат. Прва песна. Прво издание. Прва светска војна.
2. Што е најблизок, што се наоѓа во непосредна близина. Тој ми е прв сосед. Седнаа под првото дрво. Влегов во првото такси.
3. а) Што е најблизок во однос на она што допрва треба да дојде, да се случи во иднина. Ќе се видиме првата недела од месецот. Ќе заминам штом ми се пружи првата шанса за бегство. б) Што е најблизок во однос на она што веќе се случило во минатото. Тој замина на печалба првата есен по свадбата. Во првите години од бракот, тие добро се согласуваа.
4. Што се јавува како почеток на нешто, како почетна фаза во развојот на нешто. Не можеше да стигне дома до првиот мрак. Се појавија првите сончеви зраци. Прв капитал. Први реформи во образованието.
5. За природни појави, растенија, животни ‒ што се појавува најрано, за првпат во годината. Прв снег. Први јагоди. Први цвеќиња. Први петли.
6. Што е главен, што е од голема важност, значење. Прв другар. Прва задача. Прва лига. Прва награда.
7. Што не е претходно испитан, доживеан, искусен, пред кој нема друг. Прва љубов. Прво чедо. Прв пролетен ден.
8. Што е најдобар, што е пред другите според слава, власт, богатство и сл. Прв ученик во класот. Прв човек во владата. Прв домаќин во селото.
9. Што се однесува на лице или предмет претходно споменато при усно или писмено изразување. Првиот беше учител, а вториот ученик. Првото јаболко беше благо, а второто кисело.
10. Како им. Почетен ден во месецот. Утре е први. Ќе се видиме на први.
Множина: први.
Членувана форма: првиот.
Алтернативно: први
Фразеолошки израз / поговорка:
Прв(и) чекор(и) ‒ почеток, почетен период во животот, работата и сл. Од прва рака ‒ од директен, сигурен извор. Прва помош ‒ (мед.) помош што се дава на повредено лице пред да дојде лекар. Прва класа ‒ со најдобар квалитет. Први зори ‒ рано изутрина. Свири прва виолина ‒ (прен.) за тој што е најважен, највлијателен во некоја работа, средина. Во прв ред ‒ пред сè. Во прв план ‒ за нешто што е најважно, што има најголемо значење. Во прво време ‒ на почетокот од нешто. На прв поглед ‒ бегло, одеднаш, привидно. Љубов на прв поглед ‒ чувство на заемна привлечност, љубов уште при првото среќавање. Прво лице ‒ (грам.) лицето што зборува.
Оригинални податоци:
прв и први, првиот, мн. први бр. 1. Што е почетен, што е во набројувањето или во редот пред сите други; редна, бројна придавка кон бројот еден. Прв ред. Прв кат. Прва песна. Прво издание. Прва светска војна. 2. Што е најблизок, што се наоѓа во непосредна близина. Тој ми е прв сосед. Седнаа под првото дрво. Влегов во првото такси. 3. а) Што е најблизок во однос на она што допрва треба да дојде, да се случи во иднина. Ќе се видиме првата недела од месецот. Ќе заминам штом ми се пружи првата шанса за бегство. б) Што е најблизок во однос на она што веќе се случило во минатото. Тој замина на печалба првата есен по свадбата. Во првите години од бракот, тие добро се согласуваа. 4. Што се јавува како почеток на нешто, како почетна фаза во развојот на нешто. Не можеше да стигне дома до првиот мрак. Се појавија првите сончеви зраци. Прв капитал. Први реформи во образованието. 5. За природни појави, растенија, животни ‒ што се појавува најрано, за првпат во годината. Прв снег. Први јагоди. Први цвеќиња. Први петли. 6. Што е главен, што е од голема важност, значење. Прв другар. Прва задача. Прва лига. Прва награда. 7. Што не е претходно испитан, доживеан, искусен, пред кој нема друг. Прва љубов. Прво чедо. Прв пролетен ден. 8. Што е најдобар, што е пред другите според слава, власт, богатство и сл. Прв ученик во класот. Прв човек во владата. Прв домаќин во селото. 9. Што се однесува на лице или предмет претходно споменато при усно или писмено изразување. Првиот беше учител, а вториот ученик. Првото јаболко беше благо, а второто кисело. 10. Како им. Почетен ден во месецот. Утре е први. Ќе се видиме на први. ◊ Прв(и) чекор(и) ‒ почеток, почетен период во животот, работата и сл. Од прва рака ‒ од директен, сигурен извор. Прва помош ‒ (мед.) помош што се дава на повредено лице пред да дојде лекар. Прва класа ‒ со најдобар квалитет. Први зори ‒ рано изутрина. Свири прва виолина ‒ (прен.) за тој што е најважен, највлијателен во некоја работа, средина. Во прв ред ‒ пред сè. Во прв план ‒ за нешто што е најважно, што има најголемо значење. Во прво време ‒ на почетокот од нешто. На прв поглед ‒ бегло, одеднаш, привидно. Љубов на прв поглед ‒ чувство на заемна привлечност, љубов уште при првото среќавање. Прво лице ‒ (грам.) лицето што зборува.