првак
Значење на првак:
1. Прво родено дете во семејството. Не можеше да ја поднесе болката за изгубениот првак.
2. Првата, најсилна ракија што истекува од казанот при варење. Ги послужи гостите со првак.
3. Лидер, предводник, водач. Насобраната толпа немаше свој првак.
4. (спорт.) Спортист или спортски тим што победил во некое натпреварување; победник, шампион. Светски првак. Олимписки првак. Државни прваци.
Множина: прваци.
Оригинални податоци:
првак, мн. прваци м. 1. Прво родено дете во семејството. Не можеше да ја поднесе болката за изгубениот првак. 2. Првата, најсилна ракија што истекува од казанот при варење. Ги послужи гостите со првак. 3. Лидер, предводник, водач. Насобраната толпа немаше свој првак. 4. (спорт.) Спортист или спортски тим што победил во некое натпреварување; победник, шампион. Светски првак. Олимписки првак. Државни прваци.