првенствен

Придавка

Значење на првенствен:

1. Што е прв по важност, по значење, што има првенство; основен, најважен, најзначаен. Првенствена задача.

2. (спорт.) Што се однесува на спортско првенство. Првенствен натпревар.

Членувана форма: првенствениот.

Изведени зборови:

  • првенствено, прил. Во прв ред, пред сè, главно, особено. Кон текстот има коментари, првенствено од јазичен карактер. Учебникот првенствено е наменет за учениците од земјоделските училишта.

Оригинални податоци:

првенствен, првенствениот прид. 1. Што е прв по важност, по значење, што има првенство; основен, најважен, најзначаен. Првенствена задача. 2. (спорт.) Што се однесува на спортско првенство. Првенствен натпревар. ‖ првенствено прил. Во прв ред, пред сè, главно, особено. Кон текстот има коментари, првенствено од јазичен карактер. Учебникот првенствено е наменет за учениците од земјоделските училишта.