првобитен
Значење на првобитен:
1. Што се однесува на најстарите времиња, на првата, почетна епоха од човечката историја. Првобитен човек. Првобитна заедница.
2. Што претходи на сè друго, што е прв, почетен, основен. Првобитен план. Првобитна состојба. Првобитно значење.
3. (прен.) Што не е цивилизиран, што е прост, примитивен. Првобитен степен на култура. Првобитни услови за живот.
Членувана форма: првобитниот.
Изведени зборови:
- првобитно, прил. Кон зн. 2. Првобитно дадовме друго решение.
- првобитност, и. ж.
Оригинални податоци:
првобитен, првобитниот прид. 1. Што се однесува на најстарите времиња, на првата, почетна епоха од човечката историја. Првобитен човек. Првобитна заедница. 2. Што претходи на сè друго, што е прв, почетен, основен. Првобитен план. Првобитна состојба. Првобитно значење. 3. (прен.) Што не е цивилизиран, што е прост, примитивен. Првобитен степен на култура. Првобитни услови за живот. ‖ првобитно прил. Кон зн. 2. Првобитно дадовме друго решение. ‖ првобитност ж.