пржи
Значење на пржи:
Готви храна во врело масло или маст. Пржи риби. Пржи јајца.Конјугација: пржат.
Изведени зборови:
- пржење, глаг. им. ср.
- се ~ пржи, (прен., разг.) 1. Се изложува, се пече на сонце. По цел ден се пржи на сонце. 2. Се мачи со нешто тешко, се поти во тешки, неподносливи услови. Јас овде се пржам, а ти ми наоѓаш мани.
Оригинални податоци:
пржи, пржат несв. Готви храна во врело масло или маст. Пржи риби. Пржи јајца. ● се ~ (прен., разг.) 1. Се изложува, се пече на сонце. По цел ден се пржи на сонце. 2. Се мачи со нешто тешко, се поти во тешки, неподносливи услови. Јас овде се пржам, а ти ми наоѓаш мани. ‖ глаг. им. пржење ср.