птица
Значење на птица:
1. (зоол.) 'Рбетник обраснат со перје, со крила, клун и две нозе што може да лета. Јато птици. Песнопојна птица.
2. (прен., ирон.) Човек со лоши особини, што се прави важен поради својата положба.
Множина: птици.
Изведени зборови:
- птиче, и. ж. мн. птичиња ср.; птиченце, мн. птиченца ср.; птичка, мн. птички дем. и хип.
- птичиште, и. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Грабливи птици ‒ птици што се хранат со помали птици, стрвина и риби. Преселна птица ‒ 1. птица што зимскиот период го поминува во јужните краеви. 2. (прен.) човек што често го менува местото на живеење. Ноќна птица ‒ 1. птица што лови ноќе. 2. (прен.) човек што води ноќен живот. Рајска птица ‒ фамилија птици со прекрасни бои на пердувите. Железна птица ‒ авион. Ретка птица ‒ нешто што многу ретко се среќава во животот и во природата. Живее (е) како птица на гранка ‒ 1. живее безгрижно. 2. жвее непостојано, од едно место на друго.
Оригинални податоци:
птица, мн. птици ж. 1. (зоол.) 'Рбетник обраснат со перје, со крила, клун и две нозе што може да лета. Јато птици. Песнопојна птица. 2. (прен., ирон.) Човек со лоши особини, што се прави важен поради својата положба. ◊ Грабливи птици ‒ птици што се хранат со помали птици, стрвина и риби. Преселна птица ‒ 1. птица што зимскиот период го поминува во јужните краеви. 2. (прен.) човек што често го менува местото на живеење. Ноќна птица ‒ 1. птица што лови ноќе. 2. (прен.) човек што води ноќен живот. Рајска птица ‒ фамилија птици со прекрасни бои на пердувите. Железна птица ‒ авион. Ретка птица ‒ нешто што многу ретко се среќава во животот и во природата. Живее (е) како птица на гранка ‒ 1. живее безгрижно. 2. жвее непостојано, од едно место на друго. ‖ птиче, мн. птичиња ср.; птиченце, мн. птиченца ср.; птичка, мн. птички ж. дем. и хип. ‖ птичиште, мн. птичишта ср.