пуфка
Значење на пуфка:
1. За човек ‒ а) Испушта звук низ уста со кратки паузи. Туку оди и пуфка. б) Испушта дим од цигара при пушење. Пуфка со лулето пред дуќанот.
2. За животно ‒ силно и шумно испушти воздух низ ноздрите.
3. За мотор, воз и сл. ‒ бревта 2. Локомотивата пуфка на угорницата.
Коњугација: пуфкаат и пуфта , пуфтаат.
Изведени зборови:
- пуфкање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
пуфка, пуфкаат и пуфта, пуфтаат несв. 1. За човек ‒ а) Испушта звук низ уста со кратки паузи. Туку оди и пуфка. б) Испушта дим од цигара при пушење. Пуфка со лулето пред дуќанот. 2. За животно ‒ силно и шумно испушти воздух низ ноздрите. 3. За мотор, воз и сл. ‒ сп. бревта 2. Локомотивата пуфка на угорницата. ‖ глаг. им. пуфкање ср.