пука

Глагол, несвршен

Значење на пука:

1. При кршење добива пукнатини, проследено со пукот. Мразот полека пукаше во средината на езерото. Земјата пукала од суша.

2. Прави, произведува пукот, специфичен звук. Во огништето цела ноќ пукаа гламните. Ударите на камшикот пукаа во воздухот.

3. а) Стрела со огнено оружје на некого или во некоја цел. Војската пукаше во голоракиот народот. Полицајците пукале во воздухот како предупредување. Во селото пукале пушки цел ден. б) Експлозивно тело, мина и сл. се распрска со пукот. Цела ноќ силно пукаа гранати.

4. Прави движење со прстите (обично со показалецот и средниот прст) предизвикувајќи звук на пукање. Пука со прстите. Си ги пука прстите.

5. Прави пуканки од пченкарни зрна. Пуканките пукаа во решетото.

6. (прен.) Почнува, дојде, се појави нешто ‒ годишно време, природни појави. Надвор силно пука сонце. Пука зората, се разденува.

7. (прен.) Се распрсне од силен интензитет, од преполнетост и сл. Плакарите пукаат од облека. Презреаните мешунки пукаат на сонцето.

Коњугација: пукаат.

Изведени зборови:

  • пукање, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Пука / пукне од смеа ‒ многу се смее. Пука / пукне од јад (од мака) ‒ многу се нервира, се јадосува. Пука од здравје ‒ многу е здрав. Камен и дрво пука ‒ многу е студено. Душава (срцето) ми (ти, му...) пука (за некого или за нешто) ‒ многу жали за некого или за нешто. Му (ти, ми...) пукаат ушите ‒ многу е гладен и брзо и лакомо јаде. Пука во ветер ‒ пука на празно, напразно прави некоја работа. Пука на големо ‒ има големи амбиции. Главата му (ти, ми...) пука ‒ 1. има силна главоболка. 2. има голем нерешлив проблем. Јазик клука, глава пука (посл.) ‒ човекот страда од тоа што е кажано, што се зборува. Пука / пукне некого ‒ намерно нервира. Пука од горештина ‒ многу е жешко (за време). Не пука на врзан зајак ‒ не го посакува тоа што е туѓо, зафатено.

Оригинални податоци:

пука, пукаат несв. 1. При кршење добива пукнатини, проследено со пукот. Мразот полека пукаше во средината на езерото. Земјата пукала од суша. 2. Прави, произведува пукот, специфичен звук. Во огништето цела ноќ пукаа гламните. Ударите на камшикот пукаа во воздухот. 3. а) Стрела со огнено оружје на некого или во некоја цел. Војската пукаше во голоракиот народот. Полицајците пукале во воздухот како предупредување. Во селото пукале пушки цел ден. б) Експлозивно тело, мина и сл. се распрска со пукот. Цела ноќ силно пукаа гранати. 5. Прави движење со прстите (обично со показалецот и средниот прст) предизвикувајќи звук на пукање. Пука со прстите. Си ги пука прстите. 6. Прави пуканки од пченкарни зрна. Пуканките пукаа во решетото. 7. (прен.) Почнува, дојде, се појави нешто ‒ годишно време, природни појави. Надвор силно пука сонце. Пука зората, се разденува. 8. (прен.) Се распрсне од силен интензитет, од преполнетост и сл. Плакарите пукаат од облека. Презреаните мешунки пукаат на сонцето. ◊ Пука / пукне од смеа ‒ многу се смее. Пука / пукне од јад (од мака) ‒ многу се нервира, се јадосува. Пука од здравје ‒ многу е здрав. Камен и дрво пука ‒ многу е студено. Душава (срцето) ми (ти, му...) пука (за некого или за нешто) ‒ многу жали за некого или за нешто. Му (ти, ми...) пукаат ушите ‒ многу е гладен и брзо и лакомо јаде. Пука во ветер ‒ пука на празно, напразно прави некоја работа. Пука на големо ‒ има големи амбиции. Главата му (ти, ми...) пука ‒ 1. има силна главоболка. 2. има голем нерешлив проблем. Јазик клука, глава пука (посл.) ‒ човекот страда од тоа што е кажано, што се зборува. Пука / пукне некого ‒ намерно нервира. Пука од горештина ‒ многу е жешко (за време). Не пука на врзан зајак ‒ не го посакува тоа што е туѓо, зафатено. ‖ глаг. им. пукање ср.