пукнатина

Именка, женски род

Значење на пукнатина:

1. Место, процеп каде што пукнало, што настанал при пукање на нешто. Пукнатина во земјата. На ѕидот се појавила голема пукнатина од земјотресот.

2. (прен.) Празнина, слабост. Пукнатини во знаењето. Пукнатина во личноста на авторот на романот.

Множина: пукнатини.

Изведени зборови:

  • пукнатинка, и. ж. дем.

Оригинални податоци:

пукнатина, мн. пукнатини ж. 1. Место, процеп каде што пукнало, што настанал при пукање на нешто. Пукнатина во земјата. На ѕидот се појавила голема пукнатина од земјотресот. 2. (прен.) Празнина, слабост. Пукнатини во знаењето. Пукнатина во личноста на авторот на романот. ‖ пукнатинка, мн. пукнатинки ж. дем.