пукне
Значење на пукне:
1. При кршење добие пукнатини, проследено со пукот. Стомната пукна, се скрши и истече водата од неа. Пукна водоводна цевка.
2. Направи да се чуе пукот. Камшикот пукна застрашувачки во воздухот.
3. а) Истрела од огнено оружје куршум, граната и сл. Полицаецот пукна во бегалецот. Војникот пукна во воздух како предупредување. б) Се распрсне со пукот (експлозивно тело, мина и сл.). Пукна граната во близина на селото.
4. Во медицината ‒ дел од телото (орган, обично: чир и сл.). На стариот вчера му пукна чирот, па се растрчавме по болници. На детето му пукнало слепото црево.
5. Направи движење со прстите (обично со показалецот и средниот прст) предизвикувајќи звук на пукање. Пукна со прстите повикувајќи го келнерот.
6. (прен.) Почне, дојде, се појави нешто ‒ годишно време, природни појави. Надвор силно пукнало сонце. Пукна пролет, сè се раздвижи.
Коњугација: (ќе) пукнеа , (ќе) пукнев , (ќе) пукнел, пукнаа , пукнав , пукнал , пукнат , пукнат , пукнете , пукни .
Изведени зборови:
- пукнува, глаг. несв. пукнуваат
- пукнување, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Пукна од смеа ‒ многу се смее. Душава ми пукна ‒ страшно се нервирам за нешто, имам голема мака. Срцето ми пукна за некого (ирон.) ‒ не ми е гајле за некого. Жолчка да ти пукне (од мака) ‒ многу тешка, напната ситуација. Главата му (ти, ми...) пукна ‒ 1. има силна главоболка. 2. има голем нерешлив проблем. Го пукна ‒ намерно изнервира некого. Пукна брука (срам) ‒ се расчуе непријатна, срамна работа за некого. Нека пукнат душманите ‒ можат да ми завидуваат колку сакаат. Му пукна филм ‒ не може повеќе да поднесе нешто што се случува. Уште очите не му се пукнати ‒ сега скоро е умрен. Пукна ѓаволот ‒ се прекина злото. Ќе пукне грнето ‒ ќе се растури работата некому. Пукна пердето ‒ пукна срам. Пукна мразот ‒ тргна работата.
Оригинални податоци:
пукне, пукнат; пукни, пукнете; пукнав, пукнаа; пукнал; пукнат; (ќе) пукнев, (ќе) пукнеа; (ќе) пукнел св. 1. При кршење добие пукнатини, проследено со пукот. Стомната пукна, се скрши и истече водата од неа. Пукна водоводна цевка. 2. Направи да се чуе пукот. Камшикот пукна застрашувачки во воздухот. 3. а) Истрела од огнено оружје куршум, граната и сл. Полицаецот пукна во бегалецот. Војникот пукна во воздух како предупредување. б) Се распрсне со пукот (експлозивно тело, мина и сл.). Пукна граната во близина на селото. 4. Во медицината ‒ дел од телото (орган, обично: чир и сл.). На стариот вчера му пукна чирот, па се растрчавме по болници. На детето му пукнало слепото црево. 5. Направи движење со прстите (обично со показалецот и средниот прст) предизвикувајќи звук на пукање. Пукна со прстите повикувајќи го келнерот. 6. (прен.) Почне, дојде, се појави нешто ‒ годишно време, природни појави. Надвор силно пукнало сонце. Пукна пролет, сè се раздвижи. ◊ Пукна од смеа ‒ многу се смее. Душава ми пукна ‒ страшно се нервирам за нешто, имам голема мака. Срцето ми пукна за некого (ирон.) ‒ не ми е гајле за некого. Жолчка да ти пукне (од мака) ‒ многу тешка, напната ситуација. Главата му (ти, ми...) пукна ‒ 1. има силна главоболка. 2. има голем нерешлив проблем. Го пукна ‒ намерно изнервира некого. Пукна брука (срам) ‒ се расчуе непријатна, срамна работа за некого. Нека пукнат душманите ‒ можат да ми завидуваат колку сакаат. Му пукна филм ‒ не може повеќе да поднесе нешто што се случува. Уште очите не му се пукнати ‒ сега скоро е умрен. Пукна ѓаволот ‒ се прекина злото. Ќе пукне грнето ‒ ќе се растури работата некому. Пукна пердето ‒ пукна срам. Пукна мразот ‒ тргна работата. ‖ пукнува, пукнуваат несв. ‖ глаг. им. пукнување ср.