пули

Глагол, несвршен

Дијалектен збор.

Значење на пули:

1. Гледа.

2. Пролетно разлистување на шумата. Гората пули.

Коњугација: пулат.

Изведени зборови:

  • пулење, глаг. им. ср.
  • се ~ пули, Гледа, се загледува во некого или во нешто. Што се пулиш така во човекот? Невестата само се пули.

Фразеолошки израз / поговорка:

Пули риба, макај кромид ‒ кога нема доволно за јадење, мора да се задоволиме и со послабото јадење. Кога лажеш, кај се пулиш? ‒ се вели на некој што очигледно лаже. Му се пулам на умот ‒ му се чудам на постапката, како може така да постапи кога очигледно греши. Се пули како мачка на риба ‒ желбата за нешто му се гледа од очите.

Оригинални податоци:

пули, пулат несв. (дијал.) 1. Гледа. 2. Пролетно разлистување на шумата. Гората пули. ● се ~ Гледа, се загледува во некого или во нешто. Што се пулиш така во човекот? Невестата само се пули. ◊ Пули риба, макај кромид ‒ кога нема доволно за јадење, мора да се задоволиме и со послабото јадење. Кога лажеш, кај се пулиш? ‒ се вели на некој што очигледно лаже. Му се пулам на умот ‒ му се чудам на постапката, како може така да постапи кога очигледно греши. Се пули како мачка на риба ‒ желбата за нешто му се гледа од очите. ‖ глаг. им. пулење ср.