пулсира
Значење на пулсира:
1. За срце ‒ бие, тупка. Под брадичето пулсираше нејзиното срце.
2. (прен.) Тече, се одвива со периодични промени во ритамот на случувањата. Надвор пулсира животот во градот.
Коњугација: пулсираат , пулсирајќи.
Изведени зборови:
- пулсирање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
пулсира, пулсираат; пулсирајќи несв. 1. За срце ‒ бие, тупка. Под брадичето пулсираше нејзиното срце. 2. (прен.) Тече, се одвива со периодични промени во ритамот на случувањата. Надвор пулсира животот во градот. ‖ глаг. им. пулсирање ср.