пупи
Значење на пупи:
1. Пушта пупки. Во градината напролет цвеќињата пупеа. Бадемовите цветови пупеа, целата природа оживе.
2. Истакнува напред дел од телото или прави да стрчи. Пупи задник.
Коњугација: пупат.
Изведени зборови:
- пупење, глаг. им. ср.
- се ~ пупи, Кон зн. 2. се трти. Се пупи.
Оригинални податоци:
пупи, пупат несв. 1. Пушта пупки. Во градината напролет цвеќињата пупеа. Бадемовите цветови пупеа, целата природа оживе. 2. Истакнува напред дел од телото или прави да стрчи. Пупи задник. ● се ~ Кон зн. 2. се трти. Се пупи. ‖ глаг. им. пупење ср.