пупка
Значење на пупка:
1. Зародиш на изданка или на цвет, често опколен од лушпести ливчиња. Пупка од трендафил.
2. (разг.) Дојка, брадавица на цицка. Под тенката блуза ѝ се гледаа пупките.
3. Мало округло обредно лепче, обично за раздавање на гробишта; пупале. Испече пупки за раздавање.
Множина: пупки.
Изведени зборови:
- пупче, и. ср. дем и хип. кон зн. 1.
Оригинални податоци:
пупка, мн. пупки ж. 1. Зародиш на изданка или на цвет, често опколен од лушпести ливчиња. Пупка од трендафил. 2. (разг.) Дојка, брадавица на цицка. Под тенката блуза ѝ се гледаа пупките. 3. Мало округло обредно лепче, обично за раздавање на гробишта; пупале. Испече пупки за раздавање. ‖ пупче, мн. пупчиња ср. дем и хип. кон зн. 1.