пури
Значење на пури:
1. Испушта пареа, испарува. Казаните пурат со пилешка чорба.
2. Изложува на дејство на пареа. Пред употреба, бурето го пуриме.
Коњугација: пурат.
Изведени зборови:
- пурење, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Чури, пури ‒ за нешто што е жешко и пури.
Оригинални податоци:
пури, пурат несв. 1. Испушта пареа, испарува. Казаните пурат со пилешка чорба. 2. Изложува на дејство на пареа. Пред употреба, бурето го пуриме. ◊ Чури, пури ‒ за нешто што е жешко и пури. ‖ глаг. им. пурење ср.