пушка
Значење на пушка:
Огнено, војничко или ловечко оружје со една или две цевки. Ловечка пушка. Автоматска пушка. Полуавтоматска пушка. Негде се чу пушка.Множина: пушки.
Фразеолошки израз / поговорка:
Фрла пушка (арх.) ‒ пука. Како откочена пушка е ‒ секогаш е на штрек. Пукна пушка ‒ настана решавачкиот момент. Од празна пушка двајца се плашат (посл.) ‒ се плаши и тој во кого е усмерена пушката и тој што ја држи пушката бидејќи знае дека е празна. Тој е пушка ‒ секогаш е подготвен. Пушка го изгорела ‒ (клетва). Пушка златна да те фркне ‒ (клетва). Ја обесил пушката (негде) ‒ е во мирување. Со една пушка два зајака ‒ сп. куршум. Тој е испукана пушка ‒ е без значење, без вреднност. Одговара како од пушка ‒ одговара брзо и точно.
Оригинални податоци:
пушка, мн. пушки ж. Огнено, војничко или ловечко оружје со една или две цевки. Ловечка пушка. Автоматска пушка. Полуавтоматска пушка. Негде се чу пушка. ◊ Фрла пушка (арх.) ‒ пука. Како откочена пушка е ‒ секогаш е на штрек. Пукна пушка ‒ настана решавачкиот момент. Од празна пушка двајца се плашат (посл.) ‒ се плаши и тој во кого е усмерена пушката и тој што ја држи пушката бидејќи знае дека е празна. Тој е пушка ‒ секогаш е подготвен. Пушка го изгорела ‒ (клетва). Пушка златна да те фркне ‒ (клетва). Ја обесил пушката (негде) ‒ е во мирување. Со една пушка два зајака ‒ сп. куршум. Тој е испукана пушка ‒ е без значење, без вреднност. Одговара како од пушка ‒ одговара брзо и точно.