пушти
Значење на пушти:
1. Престане да држи, да задржува. Ги пушти железата од раце и рипна врз него. Таа го пушти бардето, а тоа падна крај нејзините нозе.
2. Ослободи затворен, задржан. Момчето го пушти јазовецот од стапицата. Девојчето ја пушти птицата од кафезот.
3. Остави, дозволи да врши некое дејство. Таа ги пушти децата да си играат во нејзиниот двор. Јас ве пуштив да правите што сакате. Тие го пуштија да зборува.
4. Стави во дејство, во активност објект (фабрика, погон и сл.). Претстедателот на општината ја пушти во работа новата електрана. Најстарата работничка го пушти погонот во производство.
5. За животно: а) Дозволи да се движи слободно и да се храни. Девојчето ги пуштило козите да пасат по (во) градината. Тие го пуштиле коњот сношти да ака низ горјево. Соседот ги пуштил свињите по полето. б) Управи кон некого. Тој им ги пушти кучињата на децата за да ги заплаши.
6. За растение кога е во процесот на растење. Јаболкницата пуштила корен веднаш до прагот на куќата. Садниците пуштиле гранчиња.
7. Остави да му порасне брада, мустаќи, коса. Таа пуштила коси под рамена. Тој пуштил мустаќи и брада и мисли дека е голем маж.
8. Издаде весник, списание и сл. Вчера го пуштивме третиот број „Литературен збор“ за оваа година.
9. Испрати, испраќа: пари, писмо, глас и сл. Родителите му пуштиле писмо и пари, ама никој не се јавувал.
10. Се насолзи, плаче. Таа пушти неколку солзи кога дозна за настанот, но не се расплака онака од срце.
Коњугација: пуштат.
Изведени зборови:
- се ~ пушти, 1. Се одврзе или се ослободи. 2. а) Се стрчне по некого, за да нападне, да фати, да задржи и сл. Му се пушти по него и го фати за кусо време. б) Се нафрли некому со зборови. Кога му се пушти, му изнакажа што му дојде на уста.
Фразеолошки израз / поговорка:
Пушти душа ‒ почине, умре. Пушти срце ‒ се ослободи од притисок. Пушти корен (за растение) ‒ се зафати, почне да расте. Пушти мозок на пасење ‒ се опушти, се релаксира целосно.
Оригинални податоци:
пушти, пуштат св. 1. Престане да држи, да задржува. Ги пушти железата од раце и рипна врз него. Таа го пушти бардето, а тоа падна крај нејзините нозе. 2. Ослободи затворен, задржан. Момчето го пушти јазовецот од стапицата. Девојчето ја пушти птицата од кафезот. 3. Остави, дозволи да врши некое дејство. Таа ги пушти децата да си играат во нејзиниот двор. Јас ве пуштив да правите што сакате. Тие го пуштија да зборува. 4. Стави во дејство, во активност објект (фабрика, погон и сл.). Претстедателот на општината ја пушти во работа новата електрана. Најстарата работничка го пушти погонот во производство. 5. За животно: а) Дозволи да се движи слободно и да се храни. Девојчето ги пуштило козите да пасат по (во) градината. Тие го пуштиле коњот сношти да ака низ горјево. Соседот ги пуштил свињите по полето. б) Управи кон некого. Тој им ги пушти кучињата на децата за да ги заплаши. 6. За растение кога е во процесот на растење. Јаболкницата пуштила корен веднаш до прагот на куќата. Садниците пуштиле гранчиња. 7. Остави да му порасне брада, мустаќи, коса. Таа пуштила коси под рамена. Тој пуштил мустаќи и брада и мисли дека е голем маж. 8. Издаде весник, списание и сл. Вчера го пуштивме третиот број „Литературен збор“ за оваа година. 9. Испрати, испраќа: пари, писмо, глас и сл. Родителите му пуштиле писмо и пари, ама никој не се јавувал. 10. Се насолзи, плаче. Таа пушти неколку солзи кога дозна за настанот, но не се расплака онака од срце. ● се ~ 1. Се одврзе или се ослободи. 2. а) Се стрчне по некого, за да нападне, да фати, да задржи и сл. Му се пушти по него и го фати за кусо време. б) Се нафрли некому со зборови. Кога му се пушти, му изнакажа што му дојде на уста. ◊ Пушти душа ‒ почине, умре. Пушти срце ‒ се ослободи од притисок. Пушти корен (за растение) ‒ се зафати, почне да расте. Пушти мозок на пасење ‒ се опушти, се релаксира целосно.