пуст
Значење на пуст:
1. Кој со ништо не е исполнет, без луѓе; ненаселен. Пусто место. Пуст остров.
2. Што станал пуст. а) напуштен. Пуст град. Пуста куќа. Пусти улици. б) опустошен, разрушен, искраден од непријател и сл.; испустен. Зад нив сè е пусто. Земјата остана пуста.
3. (прен.) Празен, неисполнет со содржина, безвреден. Животот му е пуст и празен.
4. За земја ‒ необработлива, неплодна или што не е обработена. Пусти полиња. Пуста земја.
5. Неостварлив, залуден. Пусти желби момински. Пусти ветувања.
6. (прен.) Клет, јаден. Што ќе прави пустата вдовица со толку ситни дечиња.
7. (прен.) Омразен, несакан. Аман од тие пусти гости. Пусти пари не стигаат. Пуста болест. Пуста младост. Од таа пуста ракија пропадна човекот.
8. Што предизвикува чудење, восхит, за потсилување на квалитетот на тоа што се истакнува. Што имаше еден пуст глас (става, очи и др.).
Членувана форма: пустиот.
Фразеолошки израз / поговорка:
Пуста да (ти) остане! ‒ клетва: проклет. Пусто дрво! ‒ закана со ќотек. Пусто бело видело што е мило! ‒ 1. нема ништо помило од животот. 2. нема ништо помило од очите. Пусто говедо ‒ сам е на светот, без никој нигде. Пуста лага две куќи запустува (посл.) ‒ кој лаже, тој и краде и страда и куќата на тој што лаже и таму каде што лаже и краде.
Оригинални податоци:
пуст, пустиот прид. 1. Кој со ништо не е исполнет, без луѓе; ненаселен. Пусто место. Пуст остров. 2. Што станал пуст. а) напуштен. Пуст град. Пуста куќа. Пусти улици. б) опустошен, разрушен, искраден од непријател и сл.; испустен. Зад нив сè е пусто. Земјата остана пуста. 3. (прен.) Празен, неисполнет со содржина, безвреден. Животот му е пуст и празен. 4. За земја ‒ необработлива, неплодна или што не е обработена. Пусти полиња. Пуста земја. 5. Неостварлив, залуден. Пусти желби момински. Пусти ветувања. 6. (прен.) Клет, јаден. Што ќе прави пустата вдовица со толку ситни дечиња. 7. (прен.) Омразен, несакан. Аман од тие пусти гости. Пусти пари не стигаат. Пуста болест. Пуста младост. Од таа пуста ракија пропадна човекот. 8. Што предизвикува чудење, восхит, за потсилување на квалитетот на тоа што се истакнува. Што имаше еден пуст глас (става, очи и др.). ◊ Пуста да (ти) остане! ‒ клетва: проклет. Пусто дрво! ‒ закана со ќотек. Пусто бело видело што е мило! ‒ 1. нема ништо помило од животот. 2. нема ништо помило од очите. Пусто говедо ‒ сам е на светот, без никој нигде. Пуста лага две куќи запустува (посл.) ‒ кој лаже, тој и краде и страда и куќата на тој што лаже и таму каде што лаже и краде.