пустина

Именка, женски род

Значење на пустина:

1. (геогр.) Област со многу малку врнежи во текот на годината, обично покриена со песок, со камен и сл, речиси без вегетација. Песочна пустина.

2. пустелија 3. Проклета, проклетница. Колата пак не оди, пустината. 4. За потсилување. Види ја каква убавица е, пустината.

Множина: пустини.

Фразеолошки израз / поговорка:

По пустина ‒ напразно. Фати пустина ‒ избега, отиде далеку, незнајно каде. Отиде пустина ‒ голема загуба. Глас во пустина ‒ залуден глас, нема кој да го чуе и да го послуша.

Оригинални податоци:

пустина, мн. пустини ж. 1. (геогр.) Област со многу малку врнежи во текот на годината, обично покриена со песок, со камен и сл, речиси без вегетација. Песочна пустина. 2. сп. пустелија 1. 3. Проклета, проклетница. Колата пак не оди, пустината. 4. За потсилување. Види ја каква убавица е, пустината. ◊ По пустина ‒ напразно. Фати пустина ‒ избега, отиде далеку, незнајно каде. Отиде пустина ‒ голема загуба. Глас во пустина ‒ залуден глас, нема кој да го чуе и да го послуша.