пувка

Именка, женски род

Значење на пувка:

1. Предено исечено на парчиња и собрано во топче, служи како украс на облека и обувки; туфка. Опинци со пувки на врвовите. Детето носеше капа со шарена пувка.

2. Кај некои птици, израсток од пердуви на главата во форма на туфка; гребен.

3. (бот.) Печурка во облик на туфка, свежа е многу вкусна, а кога е сува на допир пуфнува ширејќи кафеав прав; Lycoperdon bovista. Бабата со пувка полна со прав ми ја посоли раната.

4. Вид слатки од белки и шеќер; целувки.

5. (дијал.) Пуканки од зрна пченка.

6. (дијал.) Коњски измет.

Множина: пувки.

Изведени зборови:

  • пувче1, и. ср. дем и хип. од зн. 1, 2, 3 и 4.

Фразеолошки израз / поговорка:

Тој мене ќе ми продава пувки ‒ мисли дека ме лаже.

Оригинални податоци:

пувка, мн. пувки ж. 1. Предено исечено на парчиња и собрано во топче, служи како украс на облека и обувки; туфка. Опинци со пувки на врвовите. Детето носеше капа со шарена пувка. 2. Кај некои птици, израсток од пердуви на главата во форма на туфка; гребен. 3. (бот.) Печурка во облик на туфка, свежа е многу вкусна, а кога е сува на допир пуфнува ширејќи кафеав прав; Lycoperdon bovista. Бабата со пувка полна со прав ми ја посоли раната. 4. Вид слатки од белки и шеќер; целувки. 5. (дијал.) Пуканки од зрна пченка. 6. (дијал.) Коњски измет. ◊ Тој мене ќе ми продава пувки ‒ мисли дека ме лаже. ‖ пувче1, мн. пувчиња ср. дем и хип. од зн. 1, 2, 3 и 4.