раат

Именка, машки род

Разговорен збор, израз.

Само во еднина.

Значење на раат:

1. Мир, спокојство, удобност. Цели недели се немаше видено на раат со него. Децата не го оставаа на раат да работи. Која е таа сиромашка што не ќе дојде кај вас раат да трга? Му го расипа раатот.

2. Како прид. немен. Мирен, спокоен, безгрижен. Биди раат, сигурно ќе дојдам. Ни дење ни ноќе човек раат не може да биде.

3. Како прил. Мирно, спокојно. Барем една ноќ ќе се наспијам раат. Маките за мене се завршени, ќе си живеам раат.

Оригинални податоци:

раат, (само едн.) м. (разг.) 1. Мир, спокојство, удобност. Цели недели се немаше видено на раат со него. Децата не го оставаа на раат да работи. Која е таа сиромашка што не ќе дојде кај вас раат да трга? Му го расипа раатот. 2. Како прид. немен. Мирен, спокоен, безгрижен. Биди раат, сигурно ќе дојдам. Ни дење ни ноќе човек раат не може да биде. 3. Како прил. Мирно, спокојно. Барем една ноќ ќе се наспијам раат. Маките за мене се завршени, ќе си живеам раат.