раб 1
Значење на раб:
1. а) Надворешна линија, добиена со допирање на две површини под агол. Кутијата беше извиткана по рабовите. Кориците на бележникот беа излижани по рабовите од долгото носење в џеб. Тој седеше на работ од тротоарот. б) Крајна страна на нешто, на некаква површина; крај 1 и 5. Таа седна на работ од креветот. Помина со дланката по работ на чашата. Во острите рабови на усните ќе ѝ се појавеше блага насмевка. Тој стигна до работ на шумата.
2. а) Подвиткан и опшиен крај на облека, платно и сл. Рабовите на здолништето не беа добро изработени. Рабовите на елекот беа опшиени со гајтан. б) Местото каде што два дела на платно, кожа и сл. се споени со шиење; шев. Рабовите на кошулата му беа испукале од тежината. На главата имаше црн шешир со свилени рабови.
Множина: раба, рабови.
Оригинални податоци:
раб1, мн. рабови; избр. мн. раба м. 1. а) Надворешна линија, добиена со допирање на две површини под агол. Кутијата беше извиткана по рабовите. Кориците на бележникот беа излижани по рабовите од долгото носење в џеб. Тој седеше на работ од тротоарот. б) Крајна страна на нешто, на некаква површина; сп. крај 1 и 5. Таа седна на работ од креветот. Помина со дланката по работ на чашата. Во острите рабови на усните ќе ѝ се појавеше блага насмевка. Тој стигна до работ на шумата. 2. а) Подвиткан и опшиен крај на облека, платно и сл. Рабовите на здолништето не беа добро изработени. Рабовите на елекот беа опшиени со гајтан. б) Местото каде што два дела на платно, кожа и сл. се споени со шиење; шев. Рабовите на кошулата му беа испукале од тежината. На главата имаше црн шешир со свилени рабови.