работа

Именка, женски род

Зборот ретко се користи.

Значење на работа:

1. Свесна физичка или умствена дејност на човекот со цел да се постигне, изврши, создаде нешто; труд. Физичка работа. Умствена работа. Истражувачка работа. Тимска работа.

2. Занает, професија, служба како постојано вршење определена дејност со која се обезбедува заработка. Си ја знае работата. Има убава работа. Тој неколку години е без работа.

3. (обично во мн.) Вршење на определена дејност, изготвување, обработување на нешто, преземање сложена активност. Земјоделски работи. Градежни работи. Мелиорациски работи.

4. Движење, фунционирање на некаква направа, систем, орган на телото итн. Работа на срцето.

5. Резултат од работа, труд; литературно, научно, уметничко дело, творба. Дипломска работа. Научна работа.

6. Начин на којшто се изработува, извршува нешто. Проста, едноставна работа. Совршена работа. Прецизна работа. Рачна работа.

7. Секоја определена (во актот на зборувањето) ситуација, состојба, постапка, факт итн. Лоша му е работата. Мислев дека тоа е свршена работа. Не бидува работа. Тие работи не се наивни. Тоа е безначајна работа. Како стојат работите? 8. Должност, задача, надлежност. Неговата работа беше да одговара на повиците. Тоа не е твоја работа.

8. (обично во мн., ретко рабоќе) Различни предмети (облека, покуќнина и сл.) земени како севкупност. Во торбата имаше многу работи. Си купивме многу работи на распродажба.

9. (физ.) Производ на компонентна сила во правец на движењето и на изминатиот пат.; механичка енергија што ја произведуваат збир од сили во дадено време; величина што ја карактеризира претворањето на енергијата од еден облик во друг.

Множина: работи.

Алтернативно: рабоќе

Изведени зборови:

  • работиче, и. ж. мн. работичиња ср. и работичка, мн. работички дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Божја (господова) работа ‒ нешто што не зависи од нас, од нашата волја. Ветар работа ‒ за нешто што не изгледа сериозно, што не може да даде резултат. Гледај си ја работата! ‒ не се мешај во туѓи работи. Голема работа! ‒ (ирон.) тоа е сосем неважно. Ѓаволска работа ‒ многу сложена, комплицирана работа. Збори си ако немаш работа ‒ зборува напразно. Се фати за работа ‒ почне да работи. Сизифова работа ‒ непрекината, тешка работа која не дава резултат. Не му е чиста работата ‒ има нешто сомнително, нешто крие, има вина за нешто. Не му чини работата ‒ 1. не работи добро. 2. не се чувствува добро, многу е болен. Изгубена (пропадната) работа ‒ нешто што завршува без успех, што не ветува. Ја истера работата на чистина ‒ разјасни, расчисти нешто замрсено, нејасно. Лична (приватна) работа ‒ тоа што се однесува лично за некого. Моја (твоја, негова, наша, ваша, нивна) работа ‒ тоа што се однесува, што ме засега мене (тебе, него, нас, вас, нив) и никој друг. Ги постави работите на свое место ‒ 1. доведе нешто во ред, среди. 2. прикаже, претстави нешто такво какво што е. Тргна работата ‒ започне нешто; тргне на подобро. Легна работата ‒ нешто се смири. Женска (детинска) работа ‒ тоа е карактерис‒тично за жена (за дете). Таман работа ‒ никако, во никој случај. Има работа со некого ‒ 1. е поврзан со некого преку заеднички интереси. 2. има грижи поради некого. Кој видел аир од работа! ‒ (ирон.) за безработници: кој видел корист од работа. Му отвори работа ‒ направи проблем некому. Му прави работа ‒ посредува во извршување, остварување на некаква работа. Празна работа ‒ безначајна, неважна работа. Лесна работа ‒ едноставна, проста работа. Убава работа! ‒ одлично, прекрасно. Страшна работа! ‒ 1. израз со кој се изразува вчудовиденост од некоја непријатна работа. 2. (ирон.) голема работа. Волкот сам си ја врши работата, та затоа му е дебел вратот ‒ (посл.) не чекај помош од други, туку сам заврши ја работата. Добрата работа сама се пофалува ‒ (посл.) квалитетот на нешто изработено, направено зборува самиот за себе. Има триста работи да завршам ‒ има многу работа. Аирлија работа! ‒ желба за добар напредок во работата, обично како поздрав и честитка при започнување работа.

Оригинални податоци:

работа, мн. работи, (ретко) рабоќе ж. 1. Свесна физичка или умствена дејност на човекот со цел да се постигне, изврши, создаде нешто; труд. Физичка работа. Умствена работа. Истражувачка работа. Тимска работа. 2. Занает, професија, служба како постојано вршење определена дејност со која се обезбедува заработка. Си ја знае работата. Има убава работа. Тој неколку години е без работа. 3. (обично во мн.) Вршење на определена дејност, изготвување, обработување на нешто, преземање сложена активност. Земјоделски работи. Градежни работи. Мелиорациски работи. 4. Движење, фунционирање на некаква направа, систем, орган на телото итн. Работа на срцето. 5. Резултат од работа, труд; литературно, научно, уметничко дело, творба. Дипломска работа. Научна работа. 6. Начин на којшто се изработува, извршува нешто. Проста, едноставна работа. Совршена работа. Прецизна работа. Рачна работа. 7. Секоја определена (во актот на зборувањето) ситуација, состојба, постапка, факт итн. Лоша му е работата. Мислев дека тоа е свршена работа. Не бидува работа. Тие работи не се наивни. Тоа е безначајна работа. Како стојат работите? 8. Должност, задача, надлежност. Неговата работа беше да одговара на повиците. Тоа не е твоја работа. 9. (обично во мн., ретко рабоќе) Различни предмети (облека, покуќнина и сл.) земени како севкупност. Во торбата имаше многу работи. Си купивме многу работи на распродажба. 10. (физ.) Производ на компонентна сила во правец на движењето и на изминатиот пат.; механичка енергија што ја произведуваат збир од сили во дадено време; величина што ја карактеризира претворањето на енергијата од еден облик во друг. ◊ Божја (господова) работа ‒ нешто што не зависи од нас, од нашата волја. Ветар работа ‒ за нешто што не изгледа сериозно, што не може да даде резултат. Гледај си ја работата! ‒ не се мешај во туѓи работи. Голема работа! ‒ (ирон.) тоа е сосем неважно. Ѓаволска работа ‒ многу сложена, комплицирана работа. Збори си ако немаш работа ‒ зборува напразно. Се фати за работа ‒ почне да работи. Сизифова работа ‒ непрекината, тешка работа која не дава резултат. Не му е чиста работата ‒ има нешто сомнително, нешто крие, има вина за нешто. Не му чини работата ‒ 1. не работи добро. 2. не се чувствува добро, многу е болен. Изгубена (пропадната) работа ‒ нешто што завршува без успех, што не ветува. Ја истера работата на чистина ‒ разјасни, расчисти нешто замрсено, нејасно. Лична (приватна) работа ‒ тоа што се однесува лично за некого. Моја (твоја, негова, наша, ваша, нивна) работа ‒ тоа што се однесува, што ме засега мене (тебе, него, нас, вас, нив) и никој друг. Ги постави работите на свое место ‒ 1. доведе нешто во ред, среди. 2. прикаже, претстави нешто такво какво што е. Тргна работата ‒ започне нешто; тргне на подобро. Легна работата ‒ нешто се смири. Женска (детинска) работа ‒ тоа е карактерис‒тично за жена (за дете). Таман работа ‒ никако, во никој случај. Има работа со некого ‒ 1. е поврзан со некого преку заеднички интереси. 2. има грижи поради некого. Кој видел аир од работа! ‒ (ирон.) за безработници: кој видел корист од работа. Му отвори работа ‒ направи проблем некому. Му прави работа ‒ посредува во извршување, остварување на некаква работа. Празна работа ‒ безначајна, неважна работа. Лесна работа ‒ едноставна, проста работа. Убава работа! ‒ одлично, прекрасно. Страшна работа! ‒ 1. израз со кој се изразува вчудовиденост од некоја непријатна работа. 2. (ирон.) голема работа. Волкот сам си ја врши работата, та затоа му е дебел вратот ‒ (посл.) не чекај помош од други, туку сам заврши ја работата. Добрата работа сама се пофалува ‒ (посл.) квалитетот на нешто изработено, направено зборува самиот за себе. Има триста работи да завршам ‒ има многу работа. Аирлија работа! ‒ желба за добар напредок во работата, обично како поздрав и честитка при започнување работа. ‖ работиче, мн. работичиња ср. и работичка, мн. работички ж. дем.