работен

Придавка

Значење на работен:

1. Што сака да работи, вреден, работлив. Го знам како чесен и работен домаќин.

2. Што се однесува на работа, што служи за работа. Работна атмосфера. Работен елан.

3. Определен, наменет за работа. Работно време. Работни часови. Работна сабота. Работен ден. Работна маса. Работна соба. Работна облека.

Членувана форма: работниот.

Фразеолошки израз / поговорка:

Работна сила ‒ 1. збир од физички и умствени способности што човекот ги користи при работа. 2. луѓе коишто извршуваат или се способни да извршуваат некаква работа. Работен народ (маса, луѓе) ‒ луѓе што работат, што живеат од својот труд. Работен колектив (заедница, организација) ‒ сите вработени во една установа, претпријатие и сл. Работен стаж ‒ определено време што треба да се помине во работен однос за да се стекнат определени права; време поминато во работен однос. Работен однос ‒ однос помеѓу работникот и работодавецот. Работен добиток ‒ животни што се користат за извршување корисна работа. Работна акција ‒ доброволна работа од јавен интерес што ја извршуваат определени општествени, пред сè младински организации. Работно место ‒ работа, служба, должност на работа; место на извршување на работа. Работна рака ‒ човек (луѓе) како работник; сп. работна сила 2.

Оригинални податоци:

работен, работниот прид.1. Што сака да работи, вреден, работлив. Го знам како чесен и работен домаќин. 2. Што се однесува на работа, што служи за работа. Работна атмосфера. Работен елан. 3. Определен, наменет за работа. Работно време. Работни часови. Работна сабота. Работен ден. Работна маса. Работна соба. Работна облека. ◊ Работна сила ‒ 1. збир од физички и умствени способности што човекот ги користи при работа. 2. луѓе коишто извршуваат или се способни да извршуваат некаква работа. Работен народ (маса, луѓе) ‒ луѓе што работат, што живеат од својот труд. Работен колектив (заедница, организација) ‒ сите вработени во една установа, претпријатие и сл. Работен стаж ‒ определено време што треба да се помине во работен однос за да се стекнат определени права; време поминато во работен однос. Работен однос ‒ однос помеѓу работникот и работодавецот. Работен добиток ‒ животни што се користат за извршување корисна работа. Работна акција ‒ доброволна работа од јавен интерес што ја извршуваат определени општествени, пред сè младински организации. Работно место ‒ работа, служба, должност на работа; место на извршување на работа. Работна рака ‒ човек (луѓе) како работник; сп. работна сила 2.