работи
Значење на работи:
1. Врши некоја работа, е зафатен со некаква работа, се занимава (професионално, редовно) со некаква дејност. Барем да имавме нешто да работиме. Само три дена во неделата работи. Таа работеше аргатка на лозјето. Нејќе да работи селска работа. Тие работеле дома тутун. Тој работеше како мајстор на една голема куќа. Жена му работи во пошта.
2. Се труди околу нешто, вложува напори; се усовршува, се надградува; систематски обучува, воспитува. Неколку години работеше на својата книга за македонскиот фолклор. Долго време работеше на својата докторска дисертација. Тренерот постојано работи со спортистите.
3. Дејствува во корист на некого. Други работат за него. Нему среќата му работи. Ако ги имаш, парите ќе ти работат. Времето работи за нив.
4. (прен.) Развива дејност со некаква цел; дејствува, има влијание. Тие работеа на одродувањето и не избираа никакви средства. Истрагата е завршена, работел наполно сам. Секој од нив работеше независно, исклучиво за себе.
5. За машина, механизам, претпријатие, установа, орган на тело итн. ‒ се наоѓа во состојба на активно дејство, функционира; извршува работна активност. Телефонот не работи. Слушаше како работи моторот. Чаршијата работи во сабота. Во недела банките не работат. Му работи фантазијата. Мислите му работеа со вртоглава брзина.
6. Обработува земја. Тој си ги работел двете нивчиња на ридот над селото.
7. Прави, изработува, произведува нешто (самиот или преку друг). Тој работи секаков вид на мебел.
Коњугација: работат.
Изведени зборови:
- работење, глаг. им. ср.
- се ~ работи, (безл.) 1. Се врши нешто. Кога се работи, мора да се успее. Тој надгледуваше што се работи. 2. Се однесува на некого или за нешто, засега некого или нешто; станува збор за нешто. Овде не се работи за мене. Признавам дека се работи за недоразбирање. За што се работи тука?
Фразеолошки израз / поговорка:
Работи на своја рака ‒ прави нешто по сопствена волја, постапува според сопственото мислење (најчесто спротивно на желбите и советите на другите). Залудно работи, залудно не седи ‒ подобро да работиш што било, отколку да седиш.
Оригинални податоци:
работи, работат несв. 1. Врши некоја работа, е зафатен со некаква работа, се занимава (професионално, редовно) со некаква дејност. Барем да имавме нешто да работиме. Само три дена во неделата работи. Таа работеше аргатка на лозјето. Нејќе да работи селска работа. Тие работеле дома тутун. Тој работеше како мајстор на една голема куќа. Жена му работи во пошта. 2. Се труди околу нешто, вложува напори; се усовршува, се надградува; систематски обучува, воспитува. Неколку години работеше на својата книга за македонскиот фолклор. Долго време работеше на својата докторска дисертација. Тренерот постојано работи со спортистите. 3. Дејствува во корист на некого. Други работат за него. Нему среќата му работи. Ако ги имаш, парите ќе ти работат. Времето работи за нив. 4. (прен.) Развива дејност со некаква цел; дејствува, има влијание. Тие работеа на одродувањето и не избираа никакви средства. Истрагата е завршена, работел наполно сам. Секој од нив работеше независно, исклучиво за себе. 5. За машина, механизам, претпријатие, установа, орган на тело итн. ‒ се наоѓа во состојба на активно дејство, функционира; извршува работна активност. Телефонот не работи. Слушаше како работи моторот. Чаршијата работи во сабота. Во недела банките не работат. Му работи фантазијата. Мислите му работеа со вртоглава брзина. 6. Обработува земја. Тој си ги работел двете нивчиња на ридот над селото. 7. Прави, изработува, произведува нешто (самиот или преку друг). Тој работи секаков вид на мебел. ● се ~ (безл.) 1. Се врши нешто. Кога се работи, мора да се успее. Тој надгледуваше што се работи. 2. Се однесува на некого или за нешто, засега некого или нешто; станува збор за нешто. Овде не се работи за мене. Признавам дека се работи за недоразбирање. За што се работи тука? ◊ Работи на своја рака ‒ прави нешто по сопствена волја, постапува според сопственото мислење (најчесто спротивно на желбите и советите на другите). Залудно работи, залудно не седи ‒ подобро да работиш што било, отколку да седиш. ‖ глаг. им. работење ср.