работник

Именка, машки род

Значење на работник:

1. Тој што се занимава со физичка или интелектуална дејност. Градежен работник. Наемен работник. Културни работници. Научен работник. Просветен работник.

2. Тој што сака да работи, што добро извршува некаква работа, работлив човек. Тие се погодија работници, па работата брзо се заврши.

Множина: работници.

Изведени зборови:

  • работничка, и. ж.

Фразеолошки израз / поговорка:

Сезонски работник ‒ тој што работи повремено, во сезона кога се вршат некои (градежни, полјоделски, овоштарски и сл.) работи.

Оригинални податоци:

работник, мн. работници м. 1. Тој што се занимава со физичка или интелектуална дејност. Градежен работник. Наемен работник. Културни работници. Научен работник. Просветен работник. 2. Тој што сака да работи, што добро извршува некаква работа, работлив човек. Тие се погодија работници, па работата брзо се заврши. ‖ работничка, мн. работнички ж. ◊ Сезонски работник ‒ тој што работи повремено, во сезона кога се вршат некои (градежни, полјоделски, овоштарски и сл.) работи.