рабуш

Именка, машки род

Значење на рабуш:

Во минатото ‒ стапче за бележење на сметката при купување, разделено по должината на два дела, за продавачот и за купувачот, кои при купувањето се составувале и со зарежување преку двата дела се бележела сметката (вересијата). Ги бележи туѓите долгови на рабуш и трпеливо чека. Никој не сакаше да најде место на неговиот рабуш.

Множина: рабуши.

Оригинални податоци:

рабуш, мн. рабуши м. Во минатото ‒ стапче за бележење на сметката при купување, разделено по должината на два дела, за продавачот и за купувачот, кои при купувањето се составувале и со зарежување преку двата дела се бележела сметката (вересијата). Ги бележи туѓите долгови на рабуш и трпеливо чека. Никој не сакаше да најде место на неговиот рабуш.